Таневски: Да застанеме сите заедно зад просперитетна опција предводена од СДСМ

Заврши првиот круг од Локаните избори и веќе неколку дена сме во кампања за вториот круг, во кој СДСМ ќе ги обедини коалициските субјекти и ќе продолжи со борбата за демократија, слобода, економски развој и сигурност.
Да застанеме сите заедно зад просперитетната опција предводена од СДСМ и нашиот кандидат Константин Георгиевски и да продолжиме напред кон ставање ред во градот, кон негова модернизација, раздолжување и креирање на слободно општество за сите.
Не така одамна нашиот град и држава не беа вака слободни. Сите паметиме дека до пред 4 години ја немаше оваа слобода на говор, на јавно искажан збор за појавите во општеството или кажан збор за било кој функционер на власта. Да не заборавиме дека за кажан збор се одеше во затвор низ монтирани процеси, а тоа го осетија многумина, од актери до новинари.
Да не ги заборавиме казните кои се спроведуваа врз фирмите и стопанството, а кои не беа казни кои треба некого да корегираат (или превоспитаат) туку беа казни кои уништуваа цели фирми и фамилии. Дали треба да дозволиме да се врати таа инспекциска тиранија која ја трпеа сите во бизнисот?
Да не заборавиме дека државата беше заробена од група луѓе кои ја оддалечија од целиот западен свет и ја оставија во изолација без иднина за младите. Дали треба повторно да заглавиме во таква ситуација?
Почитувани граѓани, власта на СДСМ во Македонија чиј дел сум и јас, како и градоначалникот Константин Георгиевски во Охрид е далеку од совршена, но тоа е власта на двете нивоа која и даде на земјата слобода и ја интегрира таму каде припаѓаме цивилизациски, а тој процес не е довршен.
Затоа, за иднината на европскиот процес, за зачувување на придобивките на слободата, за правото и функционалната држава, за градот Охрид во УНЕСКО и ставање ред во градот Охрид кој е потребен и неопходен за рамноправност на сите, Ве повикувам да продолжиме понатаму со оваа борба за Македонија и за Охрид, пишува во својата ФБ објава Лазе Таневски, пратеник во собранието.
Close