Жител на струшко поседувал кокаин

Триесет и седум годишен жител на струшкото село Шум, доби кривична пријава поради поседување кокаин, соопшти денеска Секторот за внатрешни работи – Охрид.

Според информацијата, Одделението за внатрешни работи Струга, поднело кривична пријава против лице на  (37) години  од селото Шум, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Close