Георгиески: Улицата „Јане Сандански“ доби комплетно нов лик

Улицата „Јане Сандански“ доби комплетно нов лик, а Охрид уште една уредена и безбедна сообраќајница.
Со правилен менаџмент и домаќинска распределба на средствата, направивме сериозни капитални инвестиции во инфраструктурата. Нашата работа е видлива на дело!
Имаме план и проекти за уште повеќе инвестиции со кои Охрид ќе добие подобри услови во сите сегменти на општественото живеење.
-пишува во својата ФБ објава кандидатот за градоначалник од СДСМ, Константин Георгиески.

Close