Георгиески: Нова пешачко-рекреативна патека од паркот “Билјанини извори до спортсо рекреативниот центар”

Охрид добива нова пешачко – рекреативна патека од паркот „Билјанини извори“ до истоимениот Спортско рекреативен центар.
➡️Според идејното решение, должината на патеката е 265 метри и предвидено е да има аморфна форма со променлива ширина. Планирано е да биде опремена со модерна урбана опрема и осветлување.
➡️Патеката ќе биде одделена од каналот со зелен појас од висока и ниска вегетација со што се обезбедува безбедност на посетителите.
➡️На западната страна е предвидено да има и велосипедска патека за да има целосно рационално користење на просторот.
👍Нудиме квалитетни и издржани проекти кои се од големо значење за Охрид како туристички и културен центар. Ја имаме најдобрата програма за нашата општина!
-пишува во својата објава на ФБ кандидатот за градоначалник од СДСМ Константин Георгиески.
Close