Донирани средствата од хуманитарниот концерт на “Охридско лето” на Општата болница Охрид

Средствата кои беа собрани од продажбата на влезници на хуманитарниот концерт “Танец и Ладо под ѕвездите” денеска се донирани од страна на Националната установа “Охридско лето” на Општата болница Охрид. Вкупната вредност на средствата е 95 илјади денари , кои од страна на Општата болница ќе бидат наменети за справување со борбата во Ковид 19.

Како што истакнуваат од НУ “Охридско лето” одлуката да се реализира концертот била донесена уште пред објавуавање на програмата на фестивалот.

 

 

 

Close