Кардиолошкиот завод преку проектот “Heart Safe Cities” кој е дел програмата Interreg IPA – CBC во соработка со Грција, ја обнови и надгради медицинската опрема

Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања “Св. Стефан” денес, во Хотел Инекс Олгица го промовираше проектот “Heart Safe Cities” кој е дел програмата Interreg IPA – CBC меѓугранична соработка помеѓу Р. Грција и Р. Македонија, финаниран од Европска унија.

Програма за прекугранична соработка ИПА ИНТЕРРЕГ „Грција-Република Македонија 2014-2020“ е Европска програма за територијална соработка која ја поддржува регионалната соработка помеѓу Грција и Република Македонија. Целокупната цел на програмата е да ја зајакне територијалната кохезија преку подобрување на животниот стандард и можностите за вработување со почитување на животната средина и со користење на природните ресурси за надградба на туристичкиот производ.

Во рамките на настанот беше презентирана идејата на проектот да се зголеми бројот на ефективно и ефикасно справување со инциденти на срцев удар надвор од болниците, со што ќе се спасат поголем број човечки животи. Парнери на Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања “Св. Стефан”во реализација на проектните активности се и Здравстен дом Охрид, 4 -ти здравствен округ на Македонија и Тракија и Општина Каламариа од Грција.

„Главните цели кои сакаме да ги постигнеме со работата на овој проект претсавуваат подигнување на свесноста за сериозноста на инцидентите со срцев удар и подобрување на информираноста за начините на кои може да се спречат и/ или ефикасно да се управуваат, потоа да се подобри подготвеноста за рано реагирање преку масовна обука на граѓани, како и обука на обучувачи (медицински персонал), подобрување на капацитетите за ефективно управување преку обезбедување АЕД (автоматски надворешни дефибрилатори) во избрани градски места, подобрување на услугите за поддршка и итна медицинска помош во локалните и регионалните единици за здравствена заштита и зголемување на целокупниот капацитет за обезбедување на прва помош на ниво на градот Охрид – Изјави Др. Виолета Мојсовска.

Во рамките на проектот Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања “Св. Стефан” како регионален центар кој згрижува околу 350 000 граѓани од регионот, ја обнови и надгради медицинската опрема, преку набавка на апарат за ехокардиографија, централен мониторинг за пациенти во интензивна нега, автоматски надворешни дефбрилатори, ЕКГ апарати и комплетно опремено амбулантско возило.

Истовремено преку спроведување на едукации за основно и напреднато одржување во живот, континуирано работи на подобрување на здравствените услуги во Охрид и регионот. Преку серија семинари проектот обучува околу 5 500 граѓани за основно одржување во живот, употреба на автоматска надворешна дефибрилација (BLS-AED), околу 550 луѓе се обучуваат да станат BLS инструктори и вкупно 750 лекари, медицински сестри, болничари и друг медицински персонал се обучуваат за средна поддршка на животот (ИЛС).

Close