„Охрид пред сé“: Охрид и Македонија не се ничија лична сопственост

Локалните избори за членови во Советот на општина Охрид завршија. Вообичаено, по Балкански терк, победи прогласуваат сите. Но, на овие избори има само еден победник – тоа сте Вие почитувани граѓани, порачаа од Независната советничка листа „Охрид пред сé“.

– Вие, со Вашиот глас за независните листи, како во Охрид, така и во цела Македонија, им ја испративте најсилната и најзначајната порака на партиските моќници дека Охрид и Македонија не се ничија лична сопственост. Вие ја вративте надежта дека Македонија, конечно, се ослободува од партикратијата и тргнува по вистинскиот пат на демократијата. Ние од „Охрид пред сé“ сме горди што меѓу првите, не само во Охрид, туку во цела Македонија, бевме предвесник на македонската „демократска пролет“. Голема благодарност за сите оние кои гласаа за нашата независна листа, но и за сите оние кои гласаа по своја волја и не дозволија никој, за никакви пари и лажни ветувања, да ја купи нивната душа. Заедно во нови победи, потенцираат од Независната советничка листа „Охрид пред сé“.

Close