Вевчани: Кочовски од ВМРО-ДПМНЕ освоил 776, Јанкоски од СДСМ 698 – победникот ќе се знае во втор круг

Во Вевчани ќе има втор круг за избор на градоначалник, каде во трка беа кандидатите на СДСМ Сашо Јанкоски и на ВМРО – ДПМНЕ Спасе Кочовски.
Според претседателката на Општинската изборна комисија Менка Кукоска кандидатот на ВМРО – ДПМНЕ, Кочовски освоил 776 гласа, неговиот против кандидат од СДСМ и актуелен градоначалник Јанкоски 698, а 88 ливчиња биле неважечки.

Листата на советници на ВМРО-ДПМНЕ, како што информира, освоила 801 глас, а советничката листа на СДСМ 663 гласа. Имало и 98 неважечки гласачки ливчиња за Советот на Општина Вевчани.

Close