Пецаков: Очекувам промена и функционален Охрид во позитивна смисла на зборот

Денеска своето избирачко право го искористи и кандидатот за градоначалник Кирил Пецаков, кој гласаше во ОУ “Григор Прличев” во Охрид.

 

-Очекувам да има промена. Граѓаните да излезат и во фер и демократски избори да го дадат својот глас , секако подобриот нека победи, а она заради кое што треба да гласаат секако дека е позадината која што ја носиме самите кандидати , генерално секако и јас, без никаква дамка, со многу проекти, енергија, визија и секако функционален Охрид во поинаква позитивна смисла на зборот, каков што сме го гледале во изминативе 30 години, истакна кандидатот за градоначалник до ВМРО ДПМНЕ Кирил Пецаков, по осварувањето на своето гласачко право.

 

Доколку ја добие довербата од Охриѓани, тој веува отвореност пред се, достапност за секој граѓанин, решавање на секој проблем со граѓаните на секојдневните состаноци кој ќе ги имаме со граѓаните не само по месните заедници туку и секојдневно кога ќе се среќаваме да ги решаваме, истакна Пецаков.

 

Притоа додаде дека позитивната енергија која ја имаше во капмањата ќе ја има се додека не се промени оваа власт и на локално и на централно ниво.

 

-Оваа кампања измина мирно, нормално. Секој кандидат имаше можност да се презентира пред граѓаните со својата програма  и она кое што граѓаните на крај ќе го одлучат е дека подобрата програма победува, истакна Пецаков.

 

Close