ONE Media: Првичните неофицијални резултати ќе ги објавиме кога ДИК ќе соопшти официјално завршување на изборниот молк

Редакцијата ONE MEDIA Ве известува дека првичните неофицијални резултати од Локалните избори ќе бидат соопштувани по најавата од страна на ДИК дека е завршен изборниот молк.

Имено, како што претходно беше најавено дод страна на претседателот на ДИК Александар Дашески , гласањето ќе продолжи и по 19 часот на сите избирачки места на кои ќе има метеж и гласачи кои дошле на гласање но не го оствариле правото до 19 часот.

„И ние во овој момент не знаеме за колку време ќе биде продолжено гласањето. Ако има потреба да се гласа до 22, ќе се гласа до 22 часот“, рече претседателот Даштевски.

Close