МВР: Охриѓанец и гостиварец ги сликале гласачките ливчиња, комбе со плакати на кандидат до гласачко место во Шутка

Во 14,12 часот во СВР Охрид од претставник од избирачки одбор на избирачко место 1283/1 лоцирано на ул. М.Јорданоски во близина на спортска обложувалница е пријавено дека К.С.(35) од Охрид, при гласање го сликал избирачкото ливче. Гласањето е прекинато од 14,12 до 14,25 часот. Лицето е приведено во СВР Охрид и ќе му биде поднесен соодветен поднесок.

 

Во СВР Охрид околу 14,10 часот од претседател на избирачкиот одбор било пријавено дека на избирачко место бр.1884 во с.Октиси, струшко К.С.(67) од с.Октиси го искинал и го фрлил гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

 

Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар денеска (17 октомври) околу 14 часот и 30 минути го лишиле од слобода 36-годишниот З.А. од Гостивар, кој се сомничи дека на избирачкото место  број 423, лоцирано во гостиварско СТОУ, со мобилен телефон го фотографирал гласачкото ливче.Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

Close