До 11:00 часот во Охрид гласале 5.285 граѓани и во Охрид проблеми со фингерпринт уредите

Според првичните информации од Државната изборна комисија (ДИК), до 11:00 часот во Охрид, од обработени податоци од речиси сите 88 избирачки места, на гласање излегле 5.285 граѓани, односно 12,20% од запишаните 52.477.

– Изборниот процес се одвива со некои ситни проблеми, но IT поддршката е на терен, па гласањето продолжува без поголем застој. Најчесто проблемите се несоодветно приклучување на уредот со принтерот како и погрешно внесување на корисничко име и лозинка, вели Антигона Сионов, претседател на Општинската изборна комисија.

Граѓаните на Република Македонија денеска гласаат на седмите локални избори, додека во Охрид ова се осми избори за локална власт.

За Охрид поднесени се три кандидатури за градоначалник и 11 советнички листи.

Close