Се шират лажни вести за резултати од гласањето на болните лица

Како и на сите претходни изборни циклуси, така и на овие на одредени ФБ страни и профили на приватни лица се шират лажни вести со резултати од гласање на болни и изнемоштели лица.

Вестите кои се шират се целосно измислени и лажни бидејќи никој не знае како гласале болните и изнемоштени лица, од причина што нивните гласови се бројат утре по затворањето на гласачките кутии во 19 часот.

За појаснување, кутиите се носат во домовите на изнемоштените и болни лица, тие се заматени и не може да се види ливчето во кутијата, а истата кутија утре завршува на гласачкото место каде било пријавено лицето да гласа од дома.

Тоа значи дека ливчето на кое гласало болното и изнемоштено лице не може да биде пребројано ( или видено ) до утре во 19 часот, кога се брои со останатите ливчиња, па никогаш и никако не е возможно да се знае колку болни како гласале.

 

Close