OЕМУЦ „Свети Наум Охридски” доби грант за набавка на современа дидактичка опрема вредeн 580 илјади евра

Конзорциумот составен од компаниите „Костал Македонија”, „ОДВ Електрик”, „ЛТХ Леарница” и Електромашинскиот училишен центар „Свети Наум Охридски” од Охрид добија грант за набавка на современа дидактичка опрема.

Грантот во износ од 580 илјади евра од „RCF” фондот поддржан од германската„ KFW” банка е насочен кон подобрување на условите за практичната настава и осовременување на училишната работилница во OЕМУЦ „Свети Наум Охридски”, со цел Охрид да прерасне во центар за обука на квалификуван кадар не само од градот и околината туку од целиот југо-западен регион.

Општинскиот Eлектро-машински училишен центар „Свети Наум Охридски” од Охрид е една од двете средношколски образовни установи во земјата кои пред три години први во наставата го воведоа концептот за дуално образование.

Засега во центарот се образуваат кадри за профилите од електрохеничка струка за звање „техничар за индустриска мехатроника” и од машинската струка „техничар за производно машинство”, обучени по германски курикулум на дуалниот модел, што подразбира спроведување на наставата и соодветна проверка и потврда на стекнатите знаења.

извор: Канал 5

Close