Започна изборниот молк

Започна изборниот молк пред локалните избори кои ќе се одржат во недела. Граѓаните ќе избираат помеѓу 301 кандидат за градоначалник и 576 листи за советници во советите на 80 општини во Македонија и Град Скопје.

Првиот круг од локалните избори ќе се одржи на 17 октомври. Вториот круг од изборите за градоначалници, во општините каде што е потребно, е закажан за 31 октомври.

Право на глас имаат 1.824.864 граѓани, а акредитирани се 1.045 набљудувачи од Македонија и странство.

Close