Костоски: Како иден советник ќе работам со уште поголем ентузијазам и ќе оствариме уште позначајни проекти

Изминуваат веќе 4 години од моето работење како директор на Ј.П.Градскки Гробишта и би сакал да дадам краток отчет за моето работење, вели во својата ФБ објава кандидатот за советник од коалицијата “Најдоброто за мојата општина “, Ванчо Костоски.
Притоа Костоски додава:
Имено во почетокот на 2018 год кога стапив на функција како директор на ова јавно претпријатие истото го затекнав во лоша финансиска и севкупна кондиција
1. Блокирана сметка на претпријатието
2. Заостанати долгови околу 7 000 000 денари(некои стари и по 7 години)
3. Последната 2017 заврши со минус од околу 2.300 000 ден а само последната година со долгови од околу 3 000 000 ден
Но во прав вмровски стил не почнавме со кукање туку запрегнавме ракави и низ макотрпна работа проследена со многу работа и домаќинско работење го донесовне претпријатието до ликвидност и добри резултати
1. Одблокирана сметка
2. Вратени над 130 000 евра стари долгови и редовно сервисирање на новите обврски
3. Зголемени плати во просек 40 % а кај работниците околу 60 %
4. Зглемена продуктивнос и рекордни примања за сработена работа кон Општина Охрид
Во просек над 5.5 мил денари
5 .Намалени цени на влезни материјали во просек над 50%
6 .Одржлив развој во 2017 вработени 61 во 2021 вработени 59
7. Направена фотоволтаична централа 20кв и низа нови производи кој најдоја примена во нашето работење
Сето ова е заслуга на целиот тим на претпријатието ,моите помошници а особено на работниците од градежната група( 22 ) кој приденосоа за зголемување на рејтингот на нашето претпријатие и приматот на најоперативно јавно претппријатие во Охрид
Затоа изразувам јавна благодарнос до сите вработени во Ј.П.Градски Гробишта
Сето ова не ќе беше возможно без подршката од локалната самоуправа и градоначалниците Јован Стојаноски а особено од актуелниот градоначалник КОНСТАНТИН ГЕОРГИЕВСКИ кој имаа големо разбирање и подршка
Во наредниот период како иден советник во Општина Охрид од коалицијата НАЈДОБРОТО ЗА МОЈАТА ОПШТИНА ќе работам со уште поголем ентузијазам и ќе оствариме уште позначајни проекти
Затоа ве повикувам на 17 октомври да излезете на гласање и гласате по ваше убедување а сигурен сум дека вашиот избор ќе биде бројот 12 и за градоначалник и за советничка листа
Со почит
ВАНЧО КОСТОСКИ
ВМРО НП
Close