Макрадули по штрајкот во Пошта: Платата е пуштена, ќе продолжиме да работиме посветено, вработените не треба да бидат загрижени

На денешниот состанок ги уверивме двата синдикати дека како Управен одбор ќе продолжиме да работиме посветеново за добробит на сите. Ги уверивме дека не треба да бидат загрижени за финансиската стабилност за испплата на плати. Денеска уште утрово, во законски рок, како што е предвидено, беше исплатена платата за сите 2.400 вработени, истакна на денешната прес-конференција генералниот директор на АД „Пошта” Јани Макрадули.

Тој наведе дека на состанокот било договорено, по зголемувањето на минималната плата од 1 јануари, да се разговара како ќе го зголемат бодот, односно како да ја зголемат платата на вработените.

Макардули истакна дека по денешниот протест на вработените во АД „Пошта” во Охрид, одржал состанок со претставници од двата синдикати, каде нагласил дека откако е составен новиот Управен одбор, од 11 ноември досега се потпишани 87 договори со нови комитенти.

– Воведена е за прв пат електронската трговија каде што во овој момент има 14 коминтенти коишто продаваат производи преку нашата платформа, воведени се нови услуги, воведена е флексибилната достава. АД „Пошта” на Северна Македонија има најбрза и најефтина цена за достава, како во Скопје, така и низ земјата. Вложивме како инвестиција ќе ни има и во новиот шопинг мол „Ист гејт” каде што воведуваме нова услуга со „ќеса на адреса” и со сите тие услуги ги уверивме претставниците на синдикатите да не се грижат за идинината и вработените да не се грижат како за своите работни места, така и за платата, бидејќи сите овие постапки и чекори кои што се направени  носат резултати, потенцираше Макрадули.

Тој додаде дека во првите шест месеци од оваа година зголемени се приходите од поштенски услуги од писмоносни приходи за 10,3 милиони денари, приходите од пакети зголемени се за 1,7 милиони денари, зголемена е продажбата на марки на филателистичкиот пазар и приходите се зголемени за 0,9 милиони денари.

 

извор/фото: агенции

Close