Георгиески: Финализирана е постапката за изградба на катна гаража на локација во близина на градскиот пазар

👍Благодарение на нашата посветеност, финализирана е постапката за изградба на катна гаража на локација во близина на градскиот пазар.
✔️Беше изработена Физибилити студија и беше извршена е експропријација на земјиштето.
✔️Владата веќе има донeсено одлука за трајно користење.
✔️Изработен е проект за изградба на катната гаража и добиена е согласност од Владата за распишување на повик за јавно приватно партнерство.
✔️На 12 октомври го добивме и потребното конзерваторско мислење од Управата за заштита на културно наследство.
✔️Веднаш по изборите ќе биде распишан повикот за Јавно приватно партнерство.
🏗️Катната гаража ќе биде изградена по сите современи стандарди на површина од 1215 м2, со бруто површина од 6875м2 и ќе биде наменета за повеќе од 150 возила.
🏬Објектот ќе располага и со деловен простор од кој на општината ќе и бидат на располагање околу 800м2.
-пишува во својата ФБ објава кандидатот за градоначалник од СДСМ, Константин Георгиески.

 

Close