Мицкоски: Секое ветување повлекува концесија и оние луѓе на кои им се ветува, ќе се вратат со барања за исполнување на ветеното

Политиките на оваа криминална власт нè доведоа до тој степен, да луѓето, во сред изборна кампања, зборуваат дека со колку повеќе луѓе со сомнително минато и позадина седнете, толку ви се поголеми шансите за победа, рече Христијан Мицкоски во гостувањето на Алсат.

Јас и мојот тим нема така да се однесуваме, бидејќи секое ветување повлекува концесија и оние луѓе на кои им се ветува, ќе се вратат со барања за исполнување на ветеното. Затоа и државата е на ова ниво. Најкорумпирана и со најниски стандарди во ЕУ.

Close