Пецаков: Изминатите четири години од актуелната власт се надодадени уште околу 500 нови дивоградби

Во градот мора да се решаваат прашањата поврзани со статусот во УНЕСКО, заштитата на езерото, чистењето на депониите и средување на плажите.
Проблеми на кои изминатите четири години од актуелната локална власт само се надодадени уште околу 500 нови дивоградби настанати врз основа на непринципиелни коалиции и непринципиелни договори во Советот на Општина Охрид.
Но, проблемот со УНЕСКО не е само за дивоградбите туку и низата забелешки за заштитата на Охридското Езеро, Студенчишко Блато, препораки за подигање на еколошката свест каде една од главните забелешки е депонијата во Буково.
-стои во ФБ објавата на кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ Кирил Пецаков.
Close