(ФОТО) Преку социјалните мрежи се бара дом за Јован – два дена спие пред продавница

На социјалните мрежи се споделува апел преку кој се бара една соба во која ќе може бездомник да ја помине зимата.

-Човекот на фотографијата се вика Јован. Се наоѓа пред продавницата во Оровник- Охрид каде преноќува веќе втор ден. Како што ни кажа има 63 години, 36 години работен стаж и уште една година до пензија. Но подолго време е без дом, преживува по улици. Ни рече дека некој му ветил дека ќе му плаќа кирија до месец мај, ама досега не нашол некој кој се согласил да му издаде соба, сите го одбивале. Па ако има некој кој би сакал да му изнајми соба( во Охрид, можеби и Струга) или познавате некого кој би го сторил тоа, известете ме. Би ве замолила барем да споделите, доколку сакате. Ви благодарам.

Close