Кривична пријава за сторена кражба

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнени дела „кражба“ и „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“, ОВР Струга поднесе кривична пријава против  лице на (23) години од од Штип.

Тој, на 10.07.2021 година, на плажа во Струга, искористил згодна прилика и бесправно одзел машка ташна во која имало пари и мобилен телефон а потоа физички го нападнал сопственикот кој го забележал при вршење на кражбата.

Close