Арсовска: Вардариште повеќе нема да ги труе жителите на Аеродром, Вардариште ќе стане парк

Независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска сношти ги посети граѓаните на општина Аеродром и населбите Старо и Ново Лисиче кои спаѓаат под оваа општина.

Арсовска во Лисиче и Ново Лисиче потенцираше дека нема да има веќе заборавени места како што се овие две, а Скопје ќе се развива во град на сите граѓани и град на среќни луѓе.

Горно и Долно Лисиче веќе нема да бидат заборавени населени места како што се во овие четири години. Тие заслужуваат да ги имаат истите услови на живот, квалитетен и достоен како и секој еден граѓанин од Скопје. Ќе вложуваме во инфраструктура, во зелени површини, но и во младите кои живеат овде. Скопје конечно ќе биде град на среќни граѓани, истакна таа.

Close