Денеска во Охрид 1 случај на КОВИД 19, еден починат

Нови 412 случаи на КОВИД-19 од  3.567 тестирања се регистрирани во последните 24 часа. Оздравени се 459 пациенти, а починале 12 во изминатото деноноќие и дополнително осум пациенти во периодот од  1 септември до 8 октомври 2021 согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, соопшти Министерството за здравство.
Од вкупниот број новодијагностицирани, половина се во Скопје – 207, Куманово – 34, Велес -26, Битола – 18, Кочани – 16, Кичево – 15, Прилеп -14, Тетово, Гостивар и Кавадарци имаат по 10, Радовиш – шест, Штип и Свети Николе по пет нови случаи, Струмица, Крива Паланка, Кратово и Македонска Каменица по четири, Струга, Гевгелија, Неготино и Виница – по тројца новозаразени, Валандово – двајца, Охрид, Ресен, Пробиштип, Богданци, Крушево и Македонски Брод имаат по еден нов случај.
Од 12-те починати во изминатите 24 часа, шест се од Скопје (73г, 72г, 67г, 61г, 49, 46г), двајца починати се од  Кочани (66г, 63г), по едно починато лице има од Прилеп (80г), Охрид (77г), Куманово (77г) и Велес (48г). Сите се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште осум починати лица, со датум на смрт од 1 септември до 8 октомври 2021. Четири се од Скопје и по едно починато лице од Тетово, Прилеп, Куманово и Кочани, и се на возраст од 36 до 93 години. Шест од пријавените се починати во болница, а двајца  во домашни услови.
Од 459те оздравени пациенти, од Скопје се 266, Куманово – 36,  Велес – 25, Прилеп и Охрид – по 18, Битола – 14, Штип – 11, Кавадарци и Радовиш – по 10, Кочани – девет, Крива Паланка – шест, Тетово, Свети Николе и Виница имаат по петмина оздравени, Гевгелија – четири, Пробиштип и Кратово  – по тројца, Гостивар, Кичево и Струга – по двајца оздравени и по еден – Неготино, Ресен, Берово, Богданци и Демир Капија.
МЗ
Close