(ВИДЕО) “Охрид пред се”: Охрид е заборавен град од централната власт

Од сето она што во изборната кампања го слушнавме , се добива констатацијата дека Охрид е заборавен град од централната власт, која и да била во изминативе 30 години, рече на денешната прес конференција Леона Кичеец од “Охрид пред се”

-Како може најголемиот а за волја на вистината и единствениот туристички центар во Македонија да нема никакви автопатски поврзувања, железница и марина? Како може да нема театар, концертна сала и библиотека, достојна на неговото реноме?  Како може градот на Атина Бојаџи, Дики Бојаџи, Климе Савин, Леко Радиќ и другите пливачки легенди, да нема затворен пливачки базен?

Ве повикуваме да ги надминеме сите теснопартиски и лични интереси , Охрид да го ставиме пред се, да се обединиме и со политички концензус сите заедно да ги дефинираме капиталните  приоритети за Охрид и за истите да се бориме , рече на денешната прес конференција Леона Кичеец од “Охрид пред се”.

 

Close