(Видео) Безбедносни камери го регистрирале силниот потрес на Крит кој траел 20 секунди

Земјотресот со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала што го погоди денеска островот Крит траел дваесетина секунди. Снимките што се појави на социјалните мрежи ја потврдуваат разорната сила на земјотресот. Оштетени се многу згради и објекти, а надзорните камери низ градот го снимиле моментот кога земјата почнала да се тресе.

Сведоци мкои го почувствувале земјотресот изјавуваат дека не се сеќаваат на така силен потрес на тлото во последните години.

Малата црква Свети Никола е урната во разорниот потрес кој го погоди Крит.

На крајот од септември грчкиот остров Крит беше погоден од земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала, што предизвика голема материјална штета, а едно лице во овој потрес го загуби животот.

 

извор/фото: агенции

Close