Во Охрид за гласање се пријавени 199 болни и изнемоштени лица и 23 ковид позитивни или во изолација

На претстојните локални избори за гласање се пријавиле 199 болни и изнемоштени лица во Охрид. Тие своето гласачко право ќе го остварат в сабота, ден пред изборите.

– За гласање на локалните избори пријавени се 199 болни и изнемоштени лица, кои ќе гласаат во домашни услови. Има пријавено и 23 лица кои се ковид позитивни или се во изолација, вели за Супер радио и OhridPress Антигона Сионов од Општинската изборна комисија.

На седмите локални избори во Охрид право на глас имаат 52.477 граѓани. Ќе се гласа на 88 избирачки места.

извор: OhridPress

 

Close