Питошеска: Предвидуваме организирани обуки за занаети, вклучувајќи ги и традиционалните и современите

Охрид е град кој нуди многу можности. Покрај мерките и активностите за развојот на туризмот, континуирано спроведуваме политики и проекти во другите сегменти за Локален економски развој. Создаваме повеќе можности за бизнис, а со тоа повеќе бенефит за охриѓани, истакна на денешната прес-конференција на кандидатката за советник, Марија Питошеска.

Питошеска додаде:

Бизнис заедницата е важен партнер на општината и ние продолжуваме да работиме на активности кои ќе ја унапредат бизнис климата. За да ги поддржиме идеите за отпочнување на бизнис ќе направиме регистар на сите компании и дејности кои се регистрирани во нашата општина.
Отвараме канцеларија за техничка поддршка за подготовка на документи за старт ап бизниси и нови инвестиции. Новите инвестиции и стартапи ќе имаат на располагање личен административец од општината, службеник кој ќе им асистира во административните постапки, со цел да обезбеди завршување на сите процедури во најкраток рок.

За да можеме да понудиме квалитетна и разновидна услуга и да се креираат нови работни места, ќе продолжиме со спроведување на мерки за поддршка за дополнителна едукција на граѓаните
Во туристички град, каков што е Охрид, познавањето на англискиот јазик е неопходно. Затоа ќе креираме програми за изучување на англискиот јазик за сите заинтересирани лица од сите возрасти, покривајќи половина од трошоците.

Предвидуваме организирани обуки за занаети, вклучувајќи ги и традиционалните и современите. Преку нив, им помагаме на граѓаните да се стекнат со нови вештини и знаења и да започнат свој бизнис. Општината ќе партиципира со половина од трошоците за овие обуки.
Ние работиме, реализираме и остваруваме. За економски развиен град, за подобар стандард на граѓаните. Затоа на17 октомври гласајте за просперитет на Охрид, гласајте за најдоброто, а тоа е градоначалникот Константин Георгиески и Советничката листа на СДСМ и коалицијата “Најдоброто за мојата општина”.

Close