Поставена фотографска изложба во охридскиот Архив од францускиот фотограф Ги Фулон

Деновиве низ холот на охридскит Архив е поставена фотографска изложба со мотивни фотографии од градот Охрид, фотографирани од познатиот француски фотограф Ги Фулон.

Овие фотографии се предадени на трајно чување во охридскиот Архив и веќе на неколку пати се прикажани пред охридската јавност. Временската рамка низ објективот на фотографот Ги Фулон датира од далечната 1955.

-Самата презентација има двострано значење и тоа: Сите посетители на охридскиот Архив ќе може да уживаат во прекрасните фотографии но и посетителите кои ќе дојдат да ги согледаат фотографиите да го видат нашиот Архив и подобро да се запознаат со нашата дејност, истакнува Доц. Д-р Никола Митровиќ,в.д. директор на Историски архив – Охрид

Имено мора да се потенцира дека за согледување на фотографиите од Ги Фулон низ временскиот континуитет најзаслужни се г-динот Владо Жура и г-динот Петар Боев, додава Доц.Д-р Митровиќ.

Close