Мицкоски од Љубљана: Европскиот пат ни е далечен поради криминогеноста на Заев и власта, со него сме се подалеку од ЕУ

„Очекувам како што кажавте недвосмислена поддршка и целосна поддршка за интеграција на Западниот Балкан во рамките на ЕУ и јасна европска перспектива за земјите од регионот. Но, она што мене морам да кажам ме загрижува е информацијата која што од маргините ја добив, а тоа е дека на инсистирање на една земја членка на ЕУ да се фиксира прецизна дата која што би била краен рок за интегрирање на земјите членки, на земјите кои што се дел од Западниот Балкан. Две земји членки за жал не прифатиле да биде тоа дел од заклучоците на утрешниот Самит на шефови и Влади на ЕУ посветен на Западен Балкан. И со тоа практично се доведува во знак прашање јасната и недвосмислена европска перспектива на земјите од Западен Балкан“, истакна Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во интервју за вестите на Алфа телевизија.

Мицкоски додаде дека тоа не не прави среќни, тоа не разочарува, ако се потврди како вистинита информација веднаш тука се поставува прашањето веќе петта Македонија и граѓаните живеат во сон, што всушност не ќе може да се оствари.

„Тој сон е една голема лага, кој што изминативе 52 месеци оваа Влада на СДСМ и Зоран Заев ни го прераскажуваат, а во суштина претставува обид да се одржат што е подолго можно на политичката сцена. И да продолжат нормално со криминалот и со сето она што македонските граѓани се сведоци изминативе 52 месеци или веќе 5-та година“, појасни Мицкоски.

Мицкоски посочи дека токму оваа информација не ги радува македонските граѓани, која треба да биде заклучок на утрешниот Самит на шефови и Влади на ЕУ посветен на Западен Балкан.

„Но, она што мене ме прави посебно среќен е тоа што Европската народна партија, најголемото политичко семејство во Европа стои цврсто на ставот дека иднината на земјите од Западен Балкан е во рамките на ЕУ“, нагласи Мицкоски.

Close