(ВИДЕО) Се намалува старосната граница на лица кои стануваат зависници од коцкање – здружение од Охрид превентивно ќе им помага на зависниците

Над педесет коцкарници има само во Охрид. Загрижува фактот што сè повеќе се намалува старосната граница на лица кои стануваат зависници од коцкање. Од здружението за превенција и едукација од хазардни игри КВО ВАДИС 0321 велат дека „Коцкањето е проблем за целото семејство“. Тие денеска на градскиот плоштад делејќи едукативен материјал ги информираа охриѓани за нивните активности и заложби за намалување на зависноста од коцкање поготово кај помладата популација. Делејќи едукативни материјали, ги запознаваа граѓаните за сите негативните последици кои се пропратни со коцкањето.

Од Здружението велат дека сакаат да делуваат превентивно. Еден од основачите на ова здружение е и Мирче Крстевски, поранешен зависник, кој се коцкал цели 30 години. Вели почнал кога имал само 24 години – од љубопитство, за потоа да премине во сериозна зависност.

„Трауми и трауми секакви од секој тип. Крајно е до помислување на одземање на сопствениот живот. Не ти се живее повеќе. Ги сакаш другите околу тебе. Мислиш дека со тој чин ќе ги спасиш луѓето од себеси. Тоа е еден од главните мотиви на коцкарот…“, вели Крстевски-поранешен зависник од коцкање.

Мора да најдеме начин да им помогниме на сите кои се зависници од коцкање, вели Крсте Пурцов-член на здружението.

„Јас знам и пријатели што не сме знаеле дека имаат такви пороци, а кои дошле до степен дури да пробаат да си го одземат животот. Вели Пурцов.

 

Од здружението за превенција и едукација од хазардни игри КВО ВАДИС 0321 велат „Коцкањето е проблем за целото семејство“. Токму поради тоа тие бараат промени во начинот на делување на локалите за игри на среќа и ограничување на работното време.

„ Ние ќе бараме на овој билтен, на првата страна која ќе ја отвори играчот во кладилница, да има предупредување и да пишува што се може да предизвика коцкањето, каква зависност …“, вели Крстевски.

Љупчо Наумоски- член на здружението вели дека државава треба да изготви регистар на луѓе кои се патолошки коцкари бидејќи тие се нивен личен проблем, но и на семејствата и на тој начин да им се забрани влез во таквите објекти.

„ Тоа да биде на доброволна основа, а доброволноста која ја дале, да бидат запознаени играчниците и да не дозволат…“, вели Наумоски.

Инаку со сегашниот предлог за измени на Законот за игри на среќа, се предлага само дислокација на ваквите објекти на одредена оддалеченост од училиштата, што сметаат дека е премалку. Бараат измени со коишто ќе се спречи т.н. патолошко коцкање.

Close