Божиноски: СДСМ и ЌЕ Георгиески се најлошото за Општина Охрид и охриѓани

Ним не може да им се верува за ништо. Остана само најавата од пролетната реконструкција на Кејот „Македонија“. Георгиески успеа да отстрани само 5 метри квадратни од плочките покрај езерото и да постави неколку тараби додека од градежните активности нема ништо.

Власта не е способна да обезбеди средства и на лицемерен начин сака да ги заобиколи законите за да не го изгуби одобрението за градба.

Неработата и неспособноста Георгиески како за дивоградбите, така и за проектите не може да ја прикрие со УНЕСКО затоа што граѓаните веќе не наседнуваат на неговите лаги колку и да се труди.

Со оваа власт Охрид никогаш не може да добие нов и урбан лик. Затоа што се безидејни откако започна кампањата чекаат ВМРО-ДПМНЕ да ги презентира капиталните проекти за Охрид, па тие следниот ден да ги повторат.

ЌЕ Георгиески заборава дека неговиот мандат завршува и ќе остане запаметен како градоначалник кој не успеал да реализира ниту еден капитален проект.

На 17 октомври охриѓани ја земаат својата иднина во свои раце и ќе ги казнат СДСМ и Георгиески за залудно потрошените четири години од нивните животи.

Не сме исти. Ние сè што ветуваме гарантираме и остваруваме, и даваме отчет за сработеното.

Затоа заокружи 7 за Промени, Проекти, Победи.

7 за Д-р Кирил Пецаков и ново советничко мнозинство од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова на Македонија!, истакна Божиноски на денешната прес конференција.

Close