11-годишно дете од Струга, 8-годишно дете од Струмица и 69 маж од Скопје инфицирани со западно-нилска треска летово

Во текот на летото во земјава се регистрирани три случаи на инфекција со западно-нилска треска. Првиот случај бил во јули кај 11-годишно дете од Струга, вториот во август кај 8-годишно дете од Струмица и третиот случај исто така во август кај 69-годишник од Скопје.

-Во периодот јули-август 2021 во Епидемиолошкото одделение за заразни болести се дијагностицирани три изолирани случаи на западно нилска треска. Последниот случај со овој вирус бил регистриран во септември 2019. Истата година, во Македонија биле потврдени вкупно 6 случаи, сите од Скопје, истакнаа од ИЈЗ.

Пациентите биле третирани во болнички услови и имале воспаление на мозочната мембрана. Според епидемиологот Невзат Елези вели дека нема простор за паника бидејќи станува збор за сезонска болест која не се пренесува од едно лице на друго.

извор: Република 

Close