Одбележување на Неделата на млади од страна на Клубот на млади при Црвен крст Охрид

Во рамки на одбележување на Неделата на млади 1-7 октомври, младите од Клубот на млади при Црвен
крст Охрид на 03.10.2021 г., недела, во периодот од 12 – 14:30 ч. на платото пред Центарот за култура „Григор
Прличев“ под мотото „Нашата приказна продолжува со тебе“ ќе организира забавен настан „YOUTH DAY“, на кој
преку најразлични едукативни работилници и перформанси ќе се поттикнува хуманоста и креативноста кај
младите.
Посетителите на овој јавен настан ќе имаат можност да учествуваат на работилница за танц, да бидат дел
од изработката на графит-мурал на зид кај Центарот за култура, да учествуваат на тим билдинг и photo booth
сесијата, да пристапат до најголемото хуманитарно семејство на Црвениот крст и да уживаат во многу други
интересни содржини подготвени од младите на Црвен крст Охрид.
Гарантираме младост, хуманост и забава.
Реализацијата на овој настан е помогната од страна на канадската организација Canadians For Children At
Health Risk со која Црвен крст Охрид има долгодишна успешна соработка.

Close