(ВИДЕО) Мерко најавува мега проекти за развој на Струга – еколошки бродови, туристичка зона, но и скијачки терени во Вишни и Горна Белица

Рамиз Мерко по четрврти пат ја бара довербата на стружани за уште еден мандат за градоначалник.

Граѓаните заслужуваат уште повеќе, не само ова што сме го сработиле изминативе години. Почувствував потреба и превзедов уште поголема одговорност да се кандидирам и да станам чист слуга на Струга и на граѓаните на Струга. Што се однесува до проекти за развојот на град Струга имаме програма и за градот и за сите населени места. Станува збор за обемна програма со капитални инвестиции. Многу проекти кои ги започнав во овој мандат се во завршна фаза, други се сега започнати… Многу проекти не се завршуваат со еден мандат. Имаме нов генерален урбанистички план што треба да се донеси, а со него има и многу детални планови кои треба да се изгласаат. Имаме многу инвестиции во туризмот. Многу имаме инвестиравме, но ова е само почеток ќе има уште многу“, вели градоначалникот на Струга и кандидат за градоначалник за нов мандат од ДУИ, Рамиз Мерко.

Како што најави ДУИ и Струга ќе биде еколошка.

„Јас повторно ќе ја спомнам депонијата. Ние ја одржавме фантастично добро, но  местото не и е тука. Со министерството се работи за дислокација во Могила, а со ова ќе се реши и овој горлив проблем на Струга“, вели Мерко.

Што се однесува до програмата преку која Мерко повторно ја бара довербата од Стружани тој вели:

„Планираме многу проекти. Имаме за проект за прекугранична соработка кој го опфаќа потегот од Езерски Лозја до Сатеска. Ова планираме да биде елитно место за туризам. Имаме проекти и преку ИПА фондови. Ќе ставиме во употреба два еколошки бродови кои ќе работат на сончеви колектори со капацитет од по 250 лица. Имаме и проект од 15 хектари за слободна туристичка зона, каде ќе има куќички, апартмани, хотели, базени, ова многу ќе продонесе за развој на туризмот. Камповите како што се Треска и Ливадиште треба да ги обновиме, бидејќи има интерес за кампување. Планираме да овозможиме развој и на зимскиот туризам . Имаме добри терени во Вишни и Горна Белица, сме во преговори со инвеститори. Планираме Струга да живее од туризам преку целата година“, категоричен е Мерко.

Што се однесува до кампањата, Мерко вели дека тие ќе водат позитивна кампања, без критики.

„Ние излегуваме со своја програма. Истата ќе биде достапна, убедлива и прифатлива од гласачите. Нашата програма има опфатено се што им треба да граѓаните“, вали кандидатот за градоначалник од ДУИ за Струга, Рамиз Мерко.

Close