Путин излегува од самоизолација, најпрво ќе се сретне со Ердоган

Средбата на рускиот претседател Владимир Путин со неговиот турски колега Реџеп Таип Ердога, што ќе се одржи подоцна денеска во Москва, значи дека Путин ја прекинува двонеделната самоизолација во која влезе поради контакт со неколку лица заразени со коронавирусот, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Денешната средба со Ердоган може да се смета за излез на Путин од самоизолација“, рече Песков, одговарајќи на прашање на новинарите на брифингот во Москва, а пренесува ТАСС.

Путин започна со самоизолација пред две недели, поради контакт со неколку луѓе од неговата околина кои биле позитивни на Ковид-19.

Како што претходно објави Песков, Путин денеска ќе се сретне со Ердоган, но на повеќето други разговори или самити ќе учествува преку видео врска.

Тој прецизира средбите на Путин ќе бидат онлајн од превентивни причини, поради пандемијата

Close