„Но, јас ќе му порачам од овде од Струга, стравот е голем, ти се гледа во очите, исплашен си за тоа што знаеш дека силно ќе бидеш поразен на овие избори. А, потоа јас ти ветувам дека заедно со тие твои пајташи околу тебе од прв до последен ќе одговарате. Од прв до последен ќе одговарате и за националното предавство и ќе одговарате за криминалот, и пљачката што ја направивте овие четири години“, истакна Мицкоски.