Пецаков: Приоритет ќе бидат граѓаните na Охрид и решавањето на нивните проблеми

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“ вечерва традиционално од Охрид ја започнаа изборната кампања за претстојните локални избори на 17 октомври.

Кандидатот за градоначалник на Охрид, Кирил Пецаков истакна дека Охрид ќе биде современ град, ќе се даде целосна  поддршка на спртот, спортска сала во Лескоец во ОУ Ванчо Николески, равој на спортскиот туризам.

Максимална поддршка на туризмот, туристичките оператори и водичи , како и туристичките станоиздавачи.

Развој на здравствен туризам, замена на Охрид не со бетон туку со паркови и зеленило.

Несмее во 21 век да биде ниедно населено место без асфалт и канализациона мреа, а посебно ќе посветиме внимание на проектот фотоволтаични панели.

Посебно внимание посветување на социјалната грижа на лицата со попреченост.

Охрид ќе биде град на сигурноста, безбедноста и правдата. Наш приоритет ќе биде асалтирање низ целиот мандат а последните 6 месеци од мандатот нема да има такви проекти, туку капитални проекти со кој секој охриѓанец ќе се гордее.

Гарантираме способност, знаење, сигурна намера во љубовта кон Охрид. Професионалци на вистински места. Сега е нашето време како генерација. Никогаш нема да ве разочарам. Да сработаме максимално и победата е наша уште во првиот круг.

Приоритет ќе бидат граѓаните на Охрид и решавањето на нивните проблеми. Нивно вклучување во одлуките и политиките. Време е за промена, проекти.

Да живее Охрид. Македонија вечна, истакна во својот говор Пецаков.

Античкиот театар беше исполнет во голем број поддржувачи и симпатизери, а гореа и факли.

 

 

 

 

фото: охрид1

Close