(ВИДЕО) Со посета на фабриката ОDW-Elektrik, кандидатите за советници од „Охрид има план Б“ ја започнаа изборната кампања

Кандидатите за советници од независната листа „Охрид има план Б“, изборната кампања во пресрет на локалните избори закажани за 17-ти октомври ја започнаа со посета на странскиот инвеститор ОDW-Elektrik.

Германската компанија „ОДВ Електрик” фабриката во Македонија, лоцирана во Технолошко-индустриската развојна зона помеѓу градовите Струга и Охрид ја отвори во септември 2017 година. Оваа странска инвестиција згрижи околу 650 лица кои својата егзистенција ја пронајдоја токму таму. Најголем дел од вработените во оваа компанија се од територијата на Охрид и регионот. Овие лица во моментов, „за“ и „од“ работното место го користат самостојниот превоз од работодавачот, но бараат јавен превоз за да им се олесни пристапот до работното место.

„Раководниот тим и дел од вработените во ОDW-Elektrik не информираа за производствениот процес, но и плановите кои ќе овозможат развој на локалната економија. Со оглед на тоа што компанијата е лоцирана во Технолошко-индустриската развојна зона помеѓу градовите Струга и Охрид, во моментов имаат потреба од јавен превоз. Ние како идни советници во советот на Град Охрид, овој проблем ќе бараме да биде решен, поточно ќе бараме да се обезбеди јавен превоз, не само за оваа компанија туку за сите компании во овој регион, независно дали се странски или домашни инвестиции. Оваа наша заложба како советници е да им излезиме во пресрет на вработените, но и поради интересот на странскиот инвеститор“, порача по средбата носителот на листата Антонио Наумоски- Тоци.

Кандидатот за советник Мевља Шазиман истакна дека на овие избори сака да го открие постоењето на турскиот народ поточно да направи нов чекор во политиката.

„ Ако се поддржуваме едни со други, можеме да постигнеме многу работи. Ние сме семејство,силно семејство кое е еднакво на силно општество, ајде да го покажеме своето постоење, нека се појават жените на нашиот турски народ. „Охрид има план Б“, со ваша поддршка има некој што ќе ја почитува секоја индивидуална потреба, секоја потреба на сите чинители во светот на бизнисот“, истакна Шaзиман.

Денешната посета на фабриката и средбата со новинарите се оствари со запазување на сите протоколи за заштита од Covid-19.

Close