Милошевски најави реконструкција на многу улици за безбеден град за живеење

Патната инфраструктура и транспортот се лицето на градот. Изградбата и одржувањето на локални патишта овозможува одржлив развој на градот како туристички центар и услови за безбеден и динамичен сообраќај, истакна Д-р Митре Милошевски, кандидат за градоначалник на Охрид.

За убав град реконструкција на улиците:

– Абас Емин, АСНОМ, Егејска и Македонски просветители;
Изградба на улиците:
– Јордан Мијалков, 7 Ноември, Јане Сандански, 1 Македонска ударна бригада. Поплочување и одржување на тротоари и улици:
– Асфалтирање на улиците Александар Турунџе, Партизанска, Прилепска, Будва, Анастасија Узунова, Дејан Војвода, Стив Наумов, Дебарца, населба Бејбунар, Даме Груев, Ванчо Питошески, Охридска Бригада, Кирил и Методиј од Горна порта до Дрвара;
– Во Љубаништа уредување на пешачка патека од селото до автокампот, уредување на улици во село Љубаништа и Трпејца;
– Во Пештани улица Климент Охридски;
– Асфалтирање и уредување на улици во Долно Коњско, Рача, Велестово, Рамне, Подмоље, Орман, Горно Лакочереј и Долно Лакочереј, Велгошти, Лескоец, Косел и Вапила.

Набавка на инсталација на асфалтна база во едно Јавно претпријатие.
Охрид мора да биде безбедно место за живеење преку изградбата на ефикасен систем на превенција и заштита од пожари.

Проекти за безбеден и убав Охрид:

Изградба на хидрантска мрежа, Набавка на нова опрема за противпожарна станица, Курсеви за пожарникари на меѓународни семинари, Набавка на нови возила. Набавка на специјален пловен објект за превенција и интервенирање при итни ситуации во медицинска, противпожарна, спасувачка цел по охридското крајбрежје.

Број 5 за безбеден сообраќај.
Број 5 за безбеден град за живеење.

Број 5 за убав град, истакна Д-р Митре Милошевски, кандидат за градоначалник на Охрид.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close