Дождот траел неколку часа, пишува Npr.org, и укажува дека на таа мерна станица која се наоѓа на висина од над 3.000 метри, исклучително ретко е да се забележат температури над точката на смрзнување, а досега било неверојатно да се види дожд.

Летово е забележано и четвртото големо топење на ледот, а три се случија во последнава деценија.

-Имаше џиновски езера, стотици мали реки кои ја носеа таа вода, вели за NPR Џош Вилис, водечки научник на мисијата на НАСА Топење на Гренланд (OMG).

– Нашиот пилот кој има летано над Гренланд 25 години, вели дека никогаш невидел нешто вакво олку доцна во годината, додава Вилис.

Гренландската ледена покривка содржи четири пати повеќе лед од сите останати глечери заедно вон Антарктикот. Гренланд е најголем остров на светот и е 36 илјади пати поголем од Менхетн, пишува Гардијан. Мразот на Грендланд на некои места е длабок дури три километри. Кога би се стопила целата ледена покривка, глобалното ниво на морето би пораснало за шест метри со што некоипониски крајбрежја ќе завршат под вода.

-Ако луѓето од Мајами, Шангај, Токио, Мумбаи, Лагос, Бангкок и Њујорк не се загрижени, треба да бидат, велат научниците кои сметаат дека ако продолжи ова темпо на топење ќе има големи миграции почнувајќи од 2030 година.