Стевоски: СДСМ и ВМРО ДПМНЕ им го вратија долгот на фирмите нивни спонзори

Дали некогаш ќе има истрага за долговите на Охрид и спонзорствата на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ во Охрид ? !

Кандидатот за градоначалник на Охрид Стевоски Стевче синоќа во дебата на ТВ 24 кажа дека тој ако биде избран за градоначалник на Охрид ќе отвори  и сам ќе спроведе темелна истрага за тоа како настанал долгот на Охрид кој сега се враќа, а за кој Стевоски во студиото истакна список на кој се правни лица, кои ги спонзорирале СДСМ и ВМРО ДПМНЕ 28 години наназат.

ПОЕНТИ ОД ДУЕЛОТ НА ТВ 24

ПОЕНТИ ОД ДУЕЛОТ НА ТВ 24

ПОЕНТИ ОД ДУЕЛОТ НА ТВ 24

Posted by Стевоски Стевче on Monday, April 15, 2019

„Задолжувањата и сите криминогени однесувања на поедини вработени во јавната администрација во општина Охрид и во јавните претпријатија беше една од главните причини поради која што јас сметам дека врз основа на моето полициско искуство од 30 години, врз основа на моето соодветно образование Дипломиран криминалист со специјалност организиран криминал, корупција и мито, сметам дека на Охрид му требаат храбри луѓе кои што ќе му застанат на патот на ова лудило со кое што се соочува денеска градот Охрид.“ – рече Стевоски и додаде:

„Охрид сите овие години плаќа камати. Од 2013 годин дневната камата беше околу 17 илјади евра на долгот, што значи дека тој долг прераснал и настанал до 50 милиони евра како резултат на две кривични дела, тоа е злоупотреба на службена положба овластување и несовесно работење во службата. Пред се, се работи за несовесно работење координирано со двете политички партии затоа што главни виновници и создаватели на овој долг не е никој друг него ВМРО ДПМНЕ заедно со СДСМ. Друг немаме виновен а немаме никаква одговорност.“

ВМРО ДПМНЕ и СДСМ немаат морал и одговорност да се појават пред граѓаните

„Овде ги имам правните субјекти кои што се обештетуваат. Овде може да најдете само правни лица кои што се спонзори и на ВМРО ДПМНЕ и на СДСМ. Значи вината треба да ја сносат двете политички партии. Затоа тие немаат ниту прааво ниту морален кредибилитет да бараат повторно мандат од граѓаните и да создаваат вакви долгови од 50 милиони евра.“ – рече Стевоски и посочи дека  неспорен е фактот дека урбаната мафија го владее градот. Ние денеска низ Охрид можеме да најдеме згради кои што ги надминуваат сите габарити.

УРБАНАТА МАФИЈА ВЛАДЕЕ СО ОХРИД – ДОКАЗ Е ОБЈЕКТОТ НАСПРОТИ ЧИНАРОТ

„Денеска наспроти Чинарот имаме објект кој што в.д градоначалникот даде забрана, забрана за понатамоѓна градба но зошто забраната дојде во моментот кога тој дојде до покрив? Каде беа инспекциските служби? Тој објект се рушеше , се бетонираше. Значи во сред чаршија ние имаме узурпација на приватно, национализирано или државно земјиште. Значи кај нас имаме тотален хаос во градежниот сектор.’- рече Стевоски.

ОХРИД НЕМАШЕ ПРОБЛЕМ СО ИСЕЛУВАЊЕТО ДОДЕКА НЕ СЕ ПОЈАВИЈА СДСМ И ВМРО ДПМНЕ

Стевоски посочи дека до појавата на партиите СДСМ и ВМРО ДПМНЕ во 90та година во Охрид се доселувало население, а иселувањето започнало со создавањето на овие две партии.

„Во далечната 50-та година Охрид броеше 50 илјади жители како резултат на тогашна Југославија, Охрид стигна до 60 илјади жители. После доаѓањето на двете политички партии на власт во следниве 28 години, почна да опаѓа бројот на жители на градот Охрид, што тоа не може да го демантира никој. Тоа се јави како резултат на погрешната транзиција што се изврши во градот Охрид со пропаѓањето и затворањето на повеќето фабрики.“ – рече Стевоски.

Тој на крај повика:

„Граѓаните на Охрид да излезат на овие избори, да гласаат, да го дадат својот глас. Да му дадат црвен картон и на ВМРО ДПМНЕ и на СДСМ. Нивните кандидати доктори да ги вратат онаму каде што му е местото, односно во здравството бидејќи здравството во Република Македонија претставува поголем проблем и лечењето на граѓаните, отколку дупките по улиците и другите ситни работи канализации и патишта. Затоа сите храбро, еднаш и пучно нека биди, завршување со кандидирање на кандидати доктори на одредени поитички функции.“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close