Тaтко во Загреб си ги убил трите деца, оставил писмо на Фејсбук

Грозоморно чедоморство ја шокираше Хрватска утрово-  56-годишен маж со раце си ги задавил трите малолетни деца во загрепската населба Млинови. Потоа се обидел да се самоубие, јави „Јутарњни лист“.

Три малолетни деца биле задавени од страна на нивниот татко Харалд Копиц во стан во Загреб, во населбата Млинови.

Полицијата на местото на злосторството рано утрово откри тела на три деца – близнаци момче и девојче на возраст од седум години и 4-годишно момче.  Во спалната соба го нашле телото на четиригодишното дете на креветот, а близнаците во дневната соба. Телата на децата се пренесени во Институтот за судска медицина.

Откако се обидел да си го одземе животот, таткото на децата (56) бил однесен во болница, пишува „Јутарњи лист“. Не е познато кој пријавил дека нешто се случило во куќата, но полицијата и брзата помош брзо пристигнале на местото на настанот.

„Индекс“ пренесува дека пред бруталното злосторство, таткото објавил писмо на социјалните мрежи во кое напишал дека „го оставила девојка бидејќи неговата поранешна сопруга била лоша кон неа и останал без пари“.

Медиумите објавуваат дека бил искусен финансиски консултант кој дипломирал на Донау-Университат Кремс со магистерски студии по бизнис-администрација (МБА), работел во некои водечки австриски лизинг-компании, но и на менаџерски позиции во „Роберт Бош АГ“, „Алкател АГ“ и други.

 

извор/фото: агенции

Close