Автобус влетал во детски парк во Белград, за среќа нема загинати само повредени деца

Автобус кој возел на линијата 45 во Белград денеска влетал во детски парк на улицата Крајишка во Земун, но за среќа нема жртви, туку само повредени. Според српските медиуми настрадале четири деца кои си играле во паркот и три лица кои се превезувале во автобусот.

Сите повредени се згрижени во болница. Според српските медиуми станува збор за автобус од приватно претпријатие. Неофицијално до несреќата дошло кога моторот на автобусот самиот ја зголемил гасат по што возачот ја изгубил котролата над воланот и влетал во детскиот парк од каде завршил во два паркирани автомобили.

 

извор/фото: агенции

Close