(Видео) Најмалку осум убиени и десет повредени во нападот на рускиот универзитет, напаѓачот бил студент

Најмалку осум лица загинаа додека повеќе од десет се повредени во драмата на рускиот универзитет каде непознато лице отвори оган кон студентите и вработените, пренесуваат руските медиуми. Полицијата откри дека напаѓачот бил студент, објави Рускиот истражен комитет.

Според медиумите, органите на прогонот го утврдиле идентитетот на напаѓачот кој бил уапсен, а во моментов се проверува дали има соучесници. Целосниот идентитет не е откриен. Министерството за внатрешни работи изјави дека девет амбулантни возила биле на лице место.

Други медиуми јавуваат дека напаѓачот е убиен.

Студентите кои останаа заробени во кампусот прво го снимија напаѓачот со пушка како се приближува до зградата, а подоцна на социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа како преплашени студенти скокаат од прозорците.

https://twitter.com/i/status/1439852222490234886

извор/фото: агенции

Close