(ВИДЕО) Портпаролот на Нотр Дам: „Сè гори, ништо нема да остане од црквата”

Париското Обвинителство почна истрага за пожарот кој вечерва избувна во средновековната катедрала Нотр Дам во Париз. Портпаролот на Нотр Дам, Андре Фино, за француските медиуми изјави: „Сè гори, ништо нема да остане од црквата” Пожарникарите се обидуваат да го изгаснат огнот, кој според полицијата започнал одеднаш и бил предизвикан од извршувањето градежни работи на една […]

The post (ВИДЕО) Портпаролот на Нотр Дам: „Сè гори, ништо нема да остане од црквата” appeared first on Скопје1.мк.

Париското Обвинителство почна истрага за пожарот кој вечерва избувна во средновековната катедрала Нотр Дам во Париз.

Портпаролот на Нотр Дам, Андре Фино, за француските медиуми изјави: „Сè гори, ништо нема да остане од црквата”

Пожарникарите се обидуваат да го изгаснат огнот, кој според полицијата започнал одеднаш и бил предизвикан од извршувањето градежни работи на една од најпознатите катедрали во светот.
Пламените јазици избија од покривот на катедралата, едно од најпознатите светски знаменитости брзо ја зафатија црковната кула која се урна.

Службите за итни случаи се обидуваат да ги спасат уметничките дела и останатите предмети од непроценлива вредност кои што се складирани таму, изјави заменик-градоначалникот на Париз, Емануел Грегоар.

Полицијата затвори неколку метро станици и ги затвори патиштата околу катедралата.
Толпа народ гледајќи го пожарот се прегрнуваат плачат и се молат пеејќи ја „Марселезата“.
Претседателот Емануел Макрон го откажа планираниот говор пред нацијата и според француските медиуми и тој е пред Богородичната Црква.

Градоначалничката на Париз, Ана Идалго, на Твитер напиша дека „пожарникарите сè уште се обидуваат да го изгаснат пожарот и ги повика жителите да се држат настрана од безбедносниот периметар“.

Во гаснењето на пожарот кој се прошири и на страничните делови на катедралата се вклучени 400 пожарникари.

The post (ВИДЕО) Портпаролот на Нотр Дам: „Сè гори, ништо нема да остане од црквата” appeared first on Скопје1.мк.

Close