Најнова вест: Гори катедрлата Нотр Дам во Париз

Гори катедрлата Нотердам во Париз јавуват светските медиуми. Станува збор за една од најпознатите катедрали во светот и една од најпосетуваните туристички локации во Париз. Минатата година медиумите јавуваа дека оваа катедрала е сериозно оштетена и потребна е итна реставрација за која француската влада бара донации за да обезбеди средства за обновување. Богородичната црква или Нотр Дам  е готскакатедрала на […]

The post Најнова вест: Гори катедрлата Нотр Дам во Париз appeared first on Скопје1.мк.

Гори катедрлата Нотердам во Париз јавуват светските медиуми. Станува збор за една од најпознатите катедрали во светот и една од најпосетуваните туристички локации во Париз.
Минатата година медиумите јавуваа дека оваа катедрала е сериозно оштетена и потребна е итна реставрација за која француската влада бара донации за да обезбеди средства за обновување.

Богородичната црква или Нотр Дам  е готскакатедрала на источната половина на островот Сите на реката Сена во Париз, Франција, со главен влез од западната страна. Ова е катедралата на Париз и седиштето на архиепископот на градот. Богородичната црква се смета за најубавиот пример за француската готска архитектура. Виоле-ле-Дик, еден од најпознатите француски архитекти, ја обновил и сочувал од уривање. Името „Нотр Дам“ на француски значи „Нашата Госпоѓа“ (Богородица или Дева Марија). Ова е една од најубавите готски катедрали во светот, градена низ целиот готски период. Скулптурите и витражите се одликуваат со големо влијание од натурализмот, за разлика од пораната романска архитектура.

Богородичната црква е една од првите цркви во светот каде се употребени арбутани(надворешни потпорни арки). Зданието првично не било предвидено да има арбутани околу хорот и бродот. По започнувањето на изградбата, откога потенките ѕидови (популаризирани во готиката) израснале уште повисоко, почнале да се јавуваат пукнатини од напон, како што ѕидовите притискале нанадвор. За да го решат проблемот, архитектите изградиле потпори на ѕидовите однадвор, и подоцнежните доградби продолжиле да се вршат на тој начин.

За време на радикалната фаза на Француската револуција (1790-ти г.), катедралата настрадала од сквернавење, кога голем дел од верската иконографија бил оштетен или уништен. Истата била обновена во текот на XIX век, и така катедралата го добила својот поранешен изглед.

View image on TwitterView image on TwitterView image on TwitterView image on Twitter

David Almacy

@almacy

Smoke billowing from Notre Dame Cathedral in Paris, France.

885 people are talking about this

Embedded video

cristina casacuberta@ccasacub

3,635 people are talking about this

Michael Arndt@Mr_Innovation

RT @MarionLeblancWo: en feu. Speechless.

The post Најнова вест: Гори катедрлата Нотр Дам во Париз appeared first on Скопје1.мк.

Close