Георгиески: Туристите и преку скенирање на кодот е добијат информации за културното наследство

Општина Охрид постави современи информативни табли со QR код на 100 објекти од културно значење, како дел од Проектот за дигитализација и промоција на културното наследство „Интеррегионално управување со културно наследство, Е-Системи“-„ИРЦ -ХЕРМЕС“.
📱Туристите и жителите на градот ќе можат преку скенирање на кодот да добијат информации кои се значајни за објектот од културно наследство. Ваков вид на информативни табли за прв пат се поставени на културни објекти во нашата држава, а со имплементација на овој проект Охрид е пионер во дигитализација на културното наследство.
🧾Проектот е финансиран од програмата „Интерег Балкан-Медитеран 2014-2020“ на Европската Унија и вклучува иновативен електронски систем за дигитализација на наследството, кој има добиено европска награда за иновативност.
✔️Kако резултат на проектот, општина Охрид, за прв-пат доби дигитална мапа на културното наследство, во која се опфатени околу 130 објекти кои имаат посебно културно значење за градот, пишува градоначалникот Георгиески во својата ФБ објава.
Close