Демироски- Бено: Иднината нема да ја чекаме со години, туку таа е тука сега и ние ја создаваме

Денес и официјално соопштуваме дека Египќаните како политички фактор на овие локални избори ќе настапат заедно со СДСМ каде на листата е Арбен Демироски- Бено и ќе ја поддржат кандидатурата за градоначалник на Константин Георгиевски, порачаа од Група избирачи Арбен Демироски- Бено (Независна листа од Египќаните).

– Оваа одлука е донесена како резултат на досегашната соработка со локалната власт и договорот кој сега е постигнат со СДСМ и актуелниот градоначалник Константин Георгиевски. Нашиот народ изминатите две години беше ценет и почитуван од градоначалникот Коста кој излегуваше во пресрет на нашите молби и барања за најразлични потреби и барања на Египќаните. Од соработката со Коста добивме повеќе корисни работи, како што се подобрување на социо-економскиот статус, решавање на инфраструктурни проблеми во улиците каде живее нашиот народ, хуманитарна помош, стипендии за ученици, помош при вршење на различни работи во општината. Две години колку што е мандатот на оваа власт, никој кој побара помош преку „Пирамида Зем“ не е вратен назад, потенцираат од групата.

Додаваат дека не застануваат тука и дека одат понатаму.

– Договорена е соработка, нашиот кандидат е на добитно 7 место, а најважно е тоа што е договорена конкретна соработка после изборите. Од активности за подобрување на социо-економскиот статус, до поставување Египќани на раководни функции. Иднината нема да ја чекаме со години, туку таа е тука сега и ние ја создаваме. Продолжуваме со нашата борба, за рамноправност и кревање на Египќаните на ниво кое го заслужуваат. Да сте живи и здрави и заедно да одиме напред кон целта, стои во објавата на Група избирачи Арбен Демироски- Бено (Независна листа од Египќаните).

ОхридПрес

Close