ВИДЕО -Се средува зелениот појас на улицата “Јане Сандански”

Деновиве се уредува зелениот појас на улицата “Јане Сандански”. На улицата има цела подземна инсталација за наводнувањето на зелените острови кои сега се уредуваат. Ќе има дрворед и трева, како и велосипедска патека.

Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ деновиве изведуваат работни активности за хортикултурно уредување на зелените површини на тротоарот на улица „Јане Сандански“, согласно проектот за реконструкција на улицата.
💧Се врши поставување на нов систем за наводнување на зеленилото и дрворедот, се насипува земја и ќе се врши засадување на трева.
🌳Откако ќе бидат завршени сите подготвителни работи, ќе се пристапи кон засадување на новиот дрворед, напиша градоначалникот во својата ФБ објава

 

Close